мај 4, 2022

Пакетчиња по повод Рамазан Бајрам за деца од социјално загрозени семејства

Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово по повод празникот Рамазан Бајрам во соработка со Невладината организација Мерхамет донираше 20 прехрамбени пакети и 30 детски пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства од рурални средини.
✔Нашите соработници уште еднаш покажаа општествена одговорност која води кон промени не само во свеста на граѓаните, туку и на квалитетот на животот на оние за кои сите заедно сме должни да се грижиме.
< врати се назад