Потпишување на меморандум за соработка со Црвен крст Драч
На ден 21.06.2024 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација предводена од претседателот Д-р Нуху Јусуфи и секретарот Ива Младеновска оствари меѓународна соработка со Црвен крст Драч, Р. Албанија.
Договорот беше потпишан во Црвен крст на Р. Албанија, во присуство на претставници од Централната канцеларија на ЦКРСМ и Централната канцеларија на Албанскиот Црвен Крст кои исто така потпишаа Меморандум за соработка. Покрај Куманово и општинските организации на Црвен крст Чаир и Битола остварија соработка со Црвен крст Корча и Валона.
Овие партнерства ќе поттикнат размена на искуства помеѓу нашите волонтери и ќе резултираат со заеднички активности помеѓу двете национални друштва.
резултираат со заеднички активности помеѓу двете национални друштва.