октомври 24, 2023

Премиера на краткометражен филм “ТРГОВИЈА”

На ден 24.10.2023 во просториите на Занаетчиски дом- Куманово премиерно беше проектиран првиот краткометражен игран филм на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово, во режија на Марко Јовановски “ТРГОВИЈА”.
Премиерата на овој филм е една од активностите кои нашата општинска организација ги превзема во рамките на Европскиот ден на борба против трговија со луѓе.
Трговија е едукативен и мотивирачки филм кој носи длабока порака, кој длабоко резонира со основните вредности на Црвениот Крст- порака за издржливост, семејство и сила на човечкиот дух.
Преку објективот на овој филм, авторите се трудат да ја подигнат свеста за трговија со луѓе во нашата заедница, да се поттикнат клучни разговори и да се инспирира акција.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад