август 24, 2026

Превземена активност која се однесува на мерки за заштита на корисниците од глобалното затоплување предизвикано од климатските промени

📅На ден 19.08.2026 година, во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, беше реализирана едукативна активност согласно предвидените мерки за заштита на корисниците од несакани последици предизвикани од климатските пром

ени и глобалното затоплување.

⛑️Во рамките на активноста беше одржано предавање за негувателите и координаторот на Услугата Помош и нега во домот во Општина Старо Нагоричане, со цел нивно информирање и едукација за препознавање, превенирање и правилно реагирање при здравствени состојби предизвикани од високи температури и топлотни бранови.

☀️Во текот на предавањето, волонтери обучени за укажување прва помош реализираа практична симулациска вежба за укажување прва помош на корисник со симптоми на топлотен удар. Преку симулацијата учесниците имаа можност практично да ги применат стекнатите знаења и да се запознаат со правилните постапки при навремено препознавање и реагирање во вакви ситуации.

Со реализацијата на активноста се придонесе кон:

• подигнување на знаењето и подготвеноста на кадарот за заштита на корисниците за време на високи температури;

• навремено препознавање на симптомите на топлотен удар и дехидратација;

• правилно и навремено укажување прва помош;

• намалување на ризикот од несакани последици предизвикани од климатските промени и екстремните температури.

⛑️На присутните им беа пренесени и дополнителни совети за превенција од последиците од високите температури и важноста од навремено следење на состојбата на корисниците во периоди на топлотни бранови.

#СеГрижиме#ППСУ

< врати се назад