февруари 16, 2023

Прва ПХВ работилница на македонски и албански јазик

Во рамките на новиот циклус ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности) на ден 15.02.2023 и 16.02.2023 година во просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Куманово се одржаа првите две работилници за ученици од 13 – 17 годишна возраст на македонски и албански наставен јазик.
На работилниците вкупно присуствуваа 60 ученици, потенцијални нови волонтери од основните и средните училишта од градот и истите имаа можност да се запознаат со историјата и активностите на Црвениот крст, принципите и амблемите, целите на ПХВ програмата, целите на обуката, како и за самата работа на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Куманово
< врати се назад