мај 24, 2022

Работилница за врсничка едукација за ментално здравје

На ден 24.05.2022 (вторник) во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово се одржа работилница со цел подигнување на свеста за важноста на менталното здравје предводена од врсничките едукатори за оваа тема- Мелани Гијевска и Ивана Стојановска. На работилницата учествуваа 18 волонтери од Клубот на млади. Со нив беа опфатени темите: ментално здравје, стигмата за менталното здравје и менталното здравје за време на Ковид-19 пандемијата. Работилница беше завршена со практична вежба наречена “Триаголник на здравјето”.

< врати се назад