октомври 26, 2026

Работилница за ментално здравје

На 13.10.2026 година, во ООУ „Светозар Марковиќ“, по повод 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје, нашата долгогодишна волонтерка и општ врснички едукатор Теодора Николовска одржа врсничка едукација и работилница на тема „Ментално здравје“, во која учествуваа 22 ученици.

Преку едукативни активности и дискусија, учениците беа поттикнати да размислуваат за важноста на грижата за себе, самопочитта и самозаштитата. Посебен акцент беше ставен на значењето на менталното здравје уште од најрана возраст, како важен предуслов за правилен раст, развој и благосостојба на младите.

Со ваквите активности, Црвениот крст Куманово продолжува да ја подигнува свеста за менталното здравје и да ги охрабрува младите отворено да разговараат за своите чувства и потреби.

< врати се назад