
Симулациска вежба – Сообраќајна незгода
На ден 07.08.2026 година, во с. Оризаре, Општина Липково, се одржа симулациска вежба – сообраќајна незгода, во организација на Општина Липково, Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“, Здравствен дом Липково и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово.
Целта на вежбата беше да се провери координацијата и подготвеноста на надлежните служби за навремена и ефикасна интервенција, извлекување и безбедна евакуација на повредените лица, како и укажување прва помош при сообраќајна незгода и пожар предизвикан од истата.
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово активно учествуваше со Тим за одговор при катастрофи, тим за прва помош и волонтери, кои пружаа прва помош и асистираа во процесот на евакуација. Со успешно реализираната вежба беше потврдена добрата координација и соработка помеѓу сите учесници, како и нивната подготвеност за брз, организиран и ефикасен одговор при ваков вид на ситуации.![]()





< врати се назад











































