
Спој на генерации- Уметност дружење и хуманост
Спој на генерации- Уметност дружење и хуманост ![]()
![]()
На ден 17.10.2026 година, волонтери на Црвен крст Куманово
се приклучија на настанот „Спој на генерации“, кој се одржа во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово. ![]()
![]()
![]()
![]()
Преку уметност, музика, дружење и заеднички активности, децата од кумановските училишта, како и волонтерите, им приредија убави моменти на корисниците на Домот, создавајќи атмосфера исполнета со насмевки
, внимание
и меѓугенерациска солидарност. ![]()
![]()
![]()
Дел од уметничките творби ќе бидат изложени и понудени на хуманитарно наддавање, со цел да се поддржат хуманите вредности и да се поттикне општествената одговорност. ![]()
![]()
Со вклучувањето на своите волонтери, Црвен крст Куманово ја потврдува својата посветеност на промовирањето на хуманоста, солидарноста и поврзувањето на генерациите. ![]()
![]()
Заедно создаваме општество во кое вниманието, почитта и хуманоста немаат возраст! ![]()
![]()
![]()
![]()
![]()

















































