септември 14, 2019
Спортско рекреативна трка “Run for fun”
На ден 14.09 (сабота) во организација на Клубот на млади на општинската организација на Црвен крст Куманово се одржа спортско рекреативна трка “Run for fun”. Трката се одржа на атлетскта патека во склоп на ОСТУ “Наце Буѓони” во која покрај волонтерите, учествуваа ученици од основните и средните училишта од градот како и претставници од “Порака Наша”. Трката покрај забавен, имаше и хуманитарен карактер како и социјализација и инклузија на лицата со попреченост. На крај беа доделени и благодарници за подршка и учество на настанот.