септември 16, 2022

Светски ден на првата помош- Показна вежба по прва помош

По повод 11 септември- Светскиот ден на првата помош, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово на ден 15.09.2022 година (четврток) во соработка со СВР Куманово и Итна медицинска помош организираше показна вежба по прва помош.

Екипата по прва помош од Општинската организација Куманово изведе 3 вежби: санирање на отворена скршеница на подлактица, обилно крварење и убодна рана со страно тело во екстремитет. Воедно како Црвен крст ја истакнавме важноста за поседување на знаења и вештини за укажување на прва помош при сообраќајни незгоди.

< врати се назад