март 23, 2024

Тим билдинг работилница

На ден 23.03.2024 (сабота) во просториите на Црвен крст Куманово, се одржа тим билдинг работилница за стари и нови волонтери од Клубот на млади од страна на врсничките едукатори и долгогодишни волонтери Никол Ѓорѓевска и Марта Спасиќ. Темата на оваа работилница беше “Градење посилен тим преку решавање на предизвици заедно’’, а истата имаше за цел да ги опреми младите со основни вештини за ефективно градење на тим, решавање проблеми и конфликти, градење доверба и тимска работа.  Младите волонтери квалитетно го помина саботниот ден преку дружба, тимска работа и учење.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад