ноември 9, 2026

Традиционалната трка „Born 2 Run – Спортот не поврзува“

Црвен крст Куманово дел од традиционалната трка „Born 2 Run – Спортот нѐ поврзува“! 🏃‍♂️🏆

​🏃‍♀️💪 Со неверојатна енергија, насмевки и многу позитивна атмосфера, Општинската организација на Црвениот крст Куманово зеде активно учество во осмото издание на традиционалната манифестација „Born 2 Run – Спортот нѐ поврзува“ на градскиот плоштад „Нова Југославија“! 🎉✨

​На настанот организиран од Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) во соработка со Општина Куманово 🏙️, нашиот тим беше тука да ја даде целосната поддршка на оваа прекрасна иницијатива која преку спортот ги обединува луѓето, промовира здрави животни навики 🍏, солидарност 🤝, соживот и меѓусебна доверба 🌟.

​ Нашите волонтери и стручни тимови беа на располагање за сите присутни, промовирајќи ја хуманоста ❤️, волонтеризмот 🙌 и важни здравствени и превентивни пораки 🩺.

​Дружба, енергија и заедништво: Заедно со младите од Младинскиот центар „MultiКулти“ 🌍, Територијалната противпожарна единица – Куманово 🚒 и стотиците учесници на трките од 3 и 10 километри ⏱️, создадовме вистински празник на спортот и хуманоста! 🔥

​Спортот навистина нѐ поврзува, а Црвениот крст секогаш останува со срце посветен на поддршката на настани кои градат силни, здрави и хумани заедници! 🌍❤️

Tags: ,
< врати се назад