![](https://www.crvenkrst-kumanovo.org.mk/wp-content/uploads/2023/02/331991860_518908577029805_1758454751667933130_n-1000x560.jpg)
февруари 20, 2023
Тренинг за врснички едукатори
На ден 18 и 19.02.2023г во ООЦК Куманово се одржа тренинг за врснички едукатори. На тренингот присуствуваа 28 млади волонтери од ООЦК Куманово, ООЦК Крива Паланка и ООЦК Велес. На истиот беа опфатени теми за комуникациски, презентерски и фасилитаторски вештини како и тим билдинг на учесниците.
Волонтерите се стекнаа со потребните основни знаења и вештини за одржување на врсничка едукација.
Тренингот беше одржан од страна на тренерите Ивана Стојановска и Вероника Гиевска