април 18, 2025

ЦКА-ПХВ активности

Во склоп на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности 2025, 60 млади од средните и основните училишта од Куманово, неуморно работат на проекти кои имаат за цел подобрување на квалитетот на животот на маргинализираните групи во Општина Куманово.

По одржаните обуки во февруари, македонската група работи на 5 проекти.

1️⃣ Проектот ,,Различни срца со исто срцебиење” има за цел работа со лица со попреченост, младинците имаат едукативни и спортски работилници со лицата со попреченост, психолошки работилници со родителите на лицата со попреченост, а воедно ќе изработуваат активности и ќе помогнат во здружението за лица со интелектуална попреченост ,,Порака Наша” Куманово.

2️⃣ Проектот ,, Ритамот на хуманоста” има за цел обезбедување на бела техника на семејство кое што има потреба од истото. Досега се одржаа неколку активности: собирна акција, хуманитарен базар, барање на донации.

3️⃣ Проектот ,,Мост на генерации” работи со лица од трето доба во дом за стари лица ,,Зафир Сајто” Куманово. Целта на проектот е меѓугенерациска дружба помеѓу младите волонтери и старите лица од домот, а воедно и обезбедување на материјални ресурси за старите лица.

4️⃣ Проектот ,,Сигурен чекор” има за цел едукација и подигање на свеста за безбедноста и културата во сообраќајот преку едукативни предавања во основните и средните училишта на територија на Куманово, а воедно и помош на лице засегнато од сообраќајна незгода.

5️⃣ Проектот ,, Твојата рака- Нивна надеж“ има за цел помош на нашата сограѓанка Александра Митровска која боледува од церебрална парализа преку обезбедување на финансиски средства за таа успешно да може да го продолжи своето лекување.

Воедно и албанската група по одржаните обуки во февруари работи на 4 проекти.

1️⃣ Проектот ,,Ние сме надеж” има за цел обезбедување на инвалидска количка на лице со инвалидитет.

2️⃣ Проектот ,,Работи паметно” има за цел вработување на лице од маргинализирана категорија во компанија ,,RIA” со што ќе му се подобри квалитето на животот преку сигурна работа.

3️⃣ Проектот ,,Иднина” има за цел професионално усовршување и едукација на лица кои имаат одредено познавање, но и на оние кои немаат во IT секторот. Преку овој проект лицата ќе се здобијат со одредени познавања за алатките кои што се корисни во IT сектор.

4️⃣ Проектот ,,Ние можеме” има за цел целосна реновација на тоалет на семејство од социјално загрозена категорија.

Воедно за промоција на различни етнички припадности, македонската и албанската група работат на заеднички интеркултурен проект ,,Те сакам – Te dua” преку кој учат за различните култури и другаруваат меѓусебе.

< врати се назад