јуни 15, 2023

Учество на работилница за едукација за помош и нега на стари лица и лица со попреченост за ризиците од семејно насилство и родово базирано насилство

Учество на работилница за едукација за помош и нега на стари лица и лица со попреченост за ризиците од семејно насилство и родово базирано насилство
13 негуватели од Црвениот крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово во период од 11-13 јуни 2023 година, присуствуваа на работилница за едукација за помош и нега на стари лица и лица со попреченост за ризиците од семејно насилство и родово базирано насилство која се одржа во едукативниот тренинг центар „Солферино“ во Струга. Оваа едукација е во рамките на Проектот „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, финансиран од Австриското Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, со поддршка на Австрискиот Црвен крст.
Целта на едукацијата беше да се сензибилизираат обучените негуватели за ризиците од семејно и родово-базирано насилство врз старите лица и лицата со попреченост, препознавање на знаците на насилство, пријавување на проблемот и поврзување со надлежни институции во системот, одговорни за заштита на жртвите на семејно и родово-базирано насилство.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
+3
 
 
 
< врати се назад