
ноември 19, 2026
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЈП „ВОДОВОД“ – КУМАНОВО
Денеска, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, во просториите на ЈП „Водовод“ – Куманово, се одржа крводарителска акција
, реализирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина
и ЦКРСМ – Општинска организација Куманово
.
На акцијата својата хуманост и солидарност ја покажаа вкупно 20 крводарители ![]()
, кои со дарувањето крв дадоа свој придонес во спасувањето човечки животи. ![]()
![]()
Крводарителството е еден од најблагородните хумани гестови.
Со само едно дарување крв можеме да спасиме нечиј живот, да вратиме надеж и да покажеме дека хуманоста сè уште ги поврзува луѓето.
Голема благодарност до сите крводарители за нивната хуманост, несебичност и подготвеност да помогнат.













































