
август 24, 2026
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
На 14.08.2026 година, во просториите на Општина Старо Нагоричане, успешно беше реализирана крводарителска акција. ![]()
![]()
Акцијата се одржа во периодот од 09:00 до 13:00 часот, при што на повикот за хуманост и солидарност се одзваа голем број граѓани. ![]()
Со својата хуманост и несебичност, крв даруваа вкупно 29 крводарители. ![]()
Секој даруван крв значи надеж и можност за спасување на човечки живот. ![]()
![]()
Акцијата помина во пријатна атмосфера, а успешната реализација е резултат на заедничкиот ангажман на организаторите, волонтерите и хуманите граѓани. ![]()
![]()
Голема благодарност до сите крводарители кои ја покажаа својата хуманост и помогнаа во обезбедувањето на драгоцената течност која живот значи. ![]()
![]()














































