јуни 3, 2022
Избрана новата раководна структура на Црвен крст Куманово за мандатниот период 2022-2026 година
На ден 31.05.2022 година со почеток во 14 часот во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово се одржа Конститутивно- изборното Собрание на кое беше избрана новата раководна структура за мандатниот период 2022-2026 година.
За претседател на Општинската организација на Црвен крст Куманово е избран Д-р Нухи Јусуфи, додека за потпретседател е избран Славчо Јакимовски.
Упатуваме искрени честитки на новото раководство, Членовите на Раководен одбор и Собрание и им посакуваме успешна и плодна работа во периодот што не очекува.