јуни 13, 2022

Волонтери од ООЦК Куманово поддршка на целодневниот мото фестивал ,,Беарс Мото Рок Фест‘‘

На ден 11.06.2022 на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово се одржа целодневен мото фестивал ,,Беарс Мото Рок Фест‘‘ организиран од страна на Спортското здружение на мотоциклисти мото клуб ,,Мечки‘‘. Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово беше логистичка поддршка на настанот. 10 волонтери обучени по прва помош го обезбедуваа настанот, а на посетителите им се делеа флаери за активностите кои што ги работи нашата организација. Исто така на штанд на Црвен крст беа поставени касички за донации на парични средства кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.

< врати се назад