јуни 18, 2022
Волонтери од ООЦК Куманово поддршка на целодневниот музички хепенинг ,,Пикник у Пелинце‘‘
На ден 18.06.2022 во кумановско село Пелинце, во Меморијалниот центар АСНОМ се одржа целодневен музички хепенинг ,,Пикник у Пелинце‘‘ организиран од страна на тимот на ,,Пикник у Пелинце‘‘. Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово беше логистичка поддршка на настанот. Имаше поставено штанд каде на посетителите им се делеа флаери за активностите кои што ги работи нашата организација. Екипа од 6 волонтери обучени по прва помош го обезбедуваа настанот кој помина без посеризозни повреди.