октомври 4, 2022

Вонредна крводарителска акција со Риболовното здружение МАК-ДАМ Куманово

Црвен крст на Република Македонија- Oпштинска организација Куманово во соработка со Риболовното здружение МАК-ДАМ на ден 04.10.2022 (вторник) во Занаетчиски дом Куманово од 09-15 часот, организираше вонредна крводарителска акција. ЗСРРК МАК ДАМ сакаше да даде придонес со цел да не се дозволи недостатокот на крв да биде причина за згаснување на нечиј живот. Членовите од друштвото уште еднаш ја покажаа својата хуманост и притоа беа собрани 45 единици крв.

< врати се назад