септември 23, 2020

Вонредна крводарителска акција во Рибарско друштво МАК-ДАМ Куманово

Црвен крст на Република Македонија- Oпштинска организација Куманово во соработка Рибарското друштво МАК-ДАМ на ден 22.09.2020 (вторник) во Центарот за култура “Трајко Прокопиев” од 10-15 часот, организираше вонредна крводарителска акција. ЗСРРК МАК ДАМ сакаше да даде придонес во услови на КОВИД-19 кризата со цел да не се дозволи недостатокот на крв да биде причина за згаснување на нечиј живот. Членовите од друштвото уште еднаш ја покажаа својата хуманост и притоа беа собрани 57 единици крв.

 

< врати се назад