септември 1, 2020

Вонредна летна крводарителска акција

Вонредна летна крводарителска акција

Црвен крст на Р.С.М- општинска организација Куманово во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина Куманово, на ден 20.08.2020 (четврток) во Центарот за култура “Трајко Прокопиев” од 09-15 часот, ја спроведе спроведе традиционалата вонредна летна крводарителска акција. На оваа акција уште еднаш се покажа хуманоста на граѓаните кои покрај околностите со корона вирусот сепак несебично се одзваа на повикот за дарување крв и притоа беа собрани 29 крвни единици.

< врати се назад