Втор циклус од обука за негователи за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Во рамки на проектот ”Ковид 19- Одговор на подобрување на социо- економската ситуација на маргинализираните лица во 6 држави на Западниот Балкан”, на ден 03.10.2022 година Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово започна со реализација на верификуваната програма за Обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со пореченост. Обуката ќе ја спроведуваат четворица стручни едукатори доктор, медицинска сестра, дефектолог и социјален работник. Проектот е поддржан од страна на Австриска агенција за развој и Австриски Црвен крст, каде 12 долгорочно невработени жени во период од октомври – декември 2022 година ќе следат обука која има цел да ги оспособи идните негувателки да се стекнат со знаења и техники од областа на негата во домашни услови, психосоцијална поддршка како и теоретски и практични знаења за помош и нега на старите лица и лицата со попреченост. Со реализација на оваа обука и по успешно завршување на истата, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за негувател на стари лица и лица со пореченост во домот. Продолжуваме да го олеснуваме животот на старите лица и лицата со попреченост