февруари 24, 2023

Втора ПХВ работилница на македонски и албански јазик

Во рамките на новиот циклус ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности) на ден 18.02.2023 и 21.02.2023 година во просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Куманово се одржаа вторите две работилници за ученици од 13 – 17 годишна возраст на македонски и албански наставен јазик.
На работилниците учество земаа вкупно 60 ученици од средни и основни училишта, како и волонтери од Клубот на млади од Општинската организација. Учесниците имаа можност преку игри и вежби да работат како тим и да ги увидат предностите на тимската работа, се стекнаа со знаење како да изработат мали проекти, како да се запознаат со проблемите и предностите на една заедница, како и се запознаа со овогодишната тема на проектите и со двете области во кои можат да ги изработуваат истите
< врати се назад