септември 23, 2024
Второ место на 30-ти Државен натпревар по Прва помош
На ден 21.09.2024 година (сабота ) нашата екипа со уште еден пехар од Државен натпревар по прва помош .
Во конкуренција на 12-те најдобри екипи, Општинска организација на Црвен крст Куманово успеа да обезбеди пласман и да се најде на второто место.
Притоа нашата екипа се здоби и со прво место во полето Дисеминација.
Гордост е секој кој беше дел од екипата, благодарност до сите волонтери кои секогаш беа тука како наша поддршка