јули 22, 2023

Заштита на населението од топлотен бран

На ден 22.07.2023 година Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со СВР Куманово, спроведе активност за заштита на населението од топлотниот бран. На Граничниот премин Табановце беа поделени 150 шишиња со вода. 🍶🧊💦
Целта на акцијата беше давање на препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран, како и совети за постапување при високи температури. Исто така, на возачите им се укажуваше на последиците кои можат да влијаат на нивното здравје, а особено им се укажуваше на влијанието на заморот како една од честите последици за сообраќајните незгоди, потребата од паузи при патување на подолги дестинации и секако почитувањето на сообраќајните правила и прописи.
< врати се назад