август 6, 2026

Активност за заштита од топлотен бран

📅На 06.08.2026 година, волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово реализираа превентивна активност по повод заштита од топлотниот бран. Во рамки на активноста, во централното градско подрачје на граѓаните им беа поделени 120 шишиња вода и околу 120 едукативни флаери со препораки за заштита од високите температури.

🌡️Преку директна комуникација со граѓаните, младите волонтери ја истакнаа важноста од редовна хидратација во текот на топлите летни денови и ги информираа за ризиците од изложеност на високи температури и ултравиолетово (УВ) зрачење.

📢Тие ги потсетија граѓаните да избегнуваат престој на отворено во периодот од денот кога температурите се највисоки, да престојуваат во разладени простории или под сенка, да носат лесна и светла облека и редовно да внесуваат течности, со цел да се намали ризикот од последиците на топлотниот бран.

< врати се назад