јули 30, 2024

26-ти јули – Ден на Солидарност

На ден 26.07.2024 година, волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово го одбележаа 26 јули – денот на солидарноста и сеќавањата од катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година.

Во центарот на Куманово беа поставени два штанда каде уште еднаш се докажа дека Куманово е хуман град при што граѓаните придонесоа со парачна донација и прехранбени производи. Истите беа искористени за изработка на 15 хуманитарни пакети за социјално ранлива категорија граѓани и ќе бидат поделени од страна на нашите волонтери на семејства на кои им е потребна помош.

< врати се назад