март 10, 2026

8 Март – Меѓународен ден на жената

♥️По повод 8 Март, младите волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово реализираа мала, но значајна активност со која им изразија почит и благодарност на жените.

🌷Во текот на денот беа поделени честитки и чоколатца, како мал знак на внимание и благодарност за силата, грижата и љубовта што жените секојдневно ја споделуваат.

💁‍♀️Воедно, заедно со корисничките од Старечки дом „Зафир Сајто“, овие моќни жени беа одведени на кафе и палачинки, каде поминавме пријатни моменти исполнети со разговор, насмевки и топла атмосфера.

Малите гестови значат многу, особено кога се споделени со искрена почит и внимание.

🌸Среќен 8 Март!🌸

Tags: , ,
< врати се назад