април 8, 2024

Хуманитарен концерт “Заоѓање на мракот”

Во рамките на програмата ЦКА-ПХВ во склоп на проектот “Подобра визија за успешна мисија” на ден 08.04.2024 година (понеделник) во НУЦК”Трајко Прокопиев Куманово” се одржа хуманитарен концерт насловен “Заоѓање на мракот”. Истиот го организираа младите Ивона Трајковиќ, Теа Јанковска, Нина Величковска, Габриел Муслиевски со нивниот мини ментор Ален Милковски.  На самиот настан зедоа учество млади од средните училишта Наце Буѓони , Перо Наков и Гимназија Гоце Делчев и млади од основни училишта на Браќа Миладиновци, Вук Караџиќ и Христијан Карпош. Голем дел од нив се претставија со свои авторски дела, но слушнавме и некои за нас познати дела како “Т’га за југ” и “Везилка”.
Од срце Ви се заблагодаруваме на сите кои дадовте придонес во проектот “Подобра визија за успешна мисија” преку вашето присуство на настанот.
Воедно една огромна благодарност до сите наши учесници – Ана Љубиќ, Анастасија Анѓеловска, Ивона Јо, Мила Васиљкова, Ива Додевска, Дуран Дуров, Василија Дурова, Евалин Дурова, Сара Ефремовска, Јована Златановска, Теодор Јакимовски, Софиа Ковачевска, Јована Лазаревска, Драгана Петрушевска, Ивана Петрушевска, Иван Спасовски, Ана Спиридоновска, Матеја Стојмановиќ, Симона Стојановска и Ирис Трајковска.
Сите средства ќе бидат наменети за изработка на очилата за вид како и за преуредување на Здружението на слепи лица во Куманово. 
 
 
 
 
 
< врати се назад