
април 14, 2026
Хуманитарен Велигденски концерт
На ден 06.04.2026 година, со почеток во 10:00 часот, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово учествуваше во обезбедување поддршка на хуманитарен Велигденски концерт организиран од ООУ „Кочо Рацин“ Куманово.![]()
Настанот се одржа во училишниот двор, каде присуствуваа голем број ученици, наставници, родители и граѓани, обединети со една цел – поддршка на ученици од социјално ранливи семејства.
Нашите волонтери беа активно вклучени и придонесоа за безбедно и успешно реализирање на настанот, кој помина во прекрасна атмосфера исполнета со хуманост, солидарност и позитивна енергија.
Продолжуваме да градиме заедница базирана на хумани вредности.![]()






< врати се назад











































