мај 13, 2024

Избори на Клуб на млади Куманово

На ден 13.05.2024 година (понеделник) со почеток од 19 часот, Клубот на млади при Општинска организација Црвен крст Куманово успешно ги реализираше изборите за ново раководство на Клуб на млади. 
 Изборите се организираа во просториите на Црвен крст Куманово и на истите учестуваа членовите на Клубот на млади кои преку тајно гласање ги избраа и изгласаа новиот лидер и заменик лидер на Клуб на млади. Додека кандидатите за координативното тело се избраа со јавно гласање. 
За Лидер на Клубот на млади со мандатен период 2024-2026 е избрана Тамара Бошковска, а за заменик лидер е избрана Марија Маневска. Членови на новото координативно тело се: Теа Јанковска, Ајлинд Џемаили, Ален Милковски, Ива Додевска и Адем Левич. 
Честитки до новото Координативно тело на Клуб на млади Куманово, Ви посакуваме многу успех и среќа во мандатниот период 2024-2026 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад