
февруари 5, 2025
Kрводарителска акција со Риболовното здружение „МАК-ДАМ“ Куманово
Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово во соработка со Риболовното здружение „МАК-ДАМ“ на ден 05.02.2025 (среда) од 09 – 16 часот организираше крводарителска акција. Акцијата е редовна и се одржува 11 години по ред на почетокот на годината. Крводарителската акција беше организирана во просториите на Центарот за култура “Трајко Прокопиев”. Членовите од здружението уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и притоа беа собрани 108 крвни единици.




