мај 14, 2026

Крводарителска акција во Модуларна болница Куманово

📍На ден 12.05.2026 година, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со 🩸Институтот за трансфузиона медицина, реализираше крводарителска акција во Модуларната болница во Куманово.

🆎Благодарение на хуманоста и одговорноста на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки од Куманово, беа реализирани 26 крводарувања, со што се даде значаен придонес во обезбедување на потребните крвни резерви.

🅰️Дарувај крв – спаси живот!

< врати се назад