
ноември 9, 2026
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО СОУ „ПЕРО НАКОВ“ – КУМАНОВО
На 5 ноември 2026 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, во просториите на СОУ „Перо Наков“ – Куманово, се реализираше крводарителска акција, организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст – Општинска организација Куманово.
На акцијата својата хуманост и солидарност ја покажаа крводарителите, кои со дарувањето крв придонесоа во спасувањето човечки животи.
Крв даруваа 17 лица, со што уште еднаш се потврди дека хуманоста, солидарноста и грижата за другите се вистински вредности што треба да ги негуваме. ![]()
Голема благодарност до сите крводарители за нивниот благороден гест.
![]()
ДАРУВАЈ КРВ – СПАСИ ЖИВОТ! ![]()
![]()


< врати се назад











































