октомври 26, 2026

МОЈОТ ПРИДОНЕС Е ВАЖЕН

📅 На 9 октомври 2026 година, во просториите на Црвениот крст – Општинска организација Куманово од страна на психологот и психотерапевт Емилија Стојковски,, се одржа работилницата „Мојот придонес е важен“, наменета за вработените, по повод 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје. 🧠💚

🤝 Преку интерактивни активности и индивидуална рефлексија, вработените имаа можност да ги препознаат своите силни страни, успеси и придонес во работната средина. 🌟 Посебен акцент беше ставен на меѓусебната поддршка, позитивното признание и грижата за менталното здравје и психо-социјалната добросостојба. 💚🫂

🌱 Работилницата ја истакна важноста на секој вработен и неговиот придонес во тимот, како и потребата од создавање позитивна и поддржувачка работна средина. 🏢✨

💚 Главна порака: Секој вработен има своја вредност, секој придонес е важен, а грижата за менталното здравје започнува и со вреднување на сопствениот труд. 🌈🧠

❤️ Да се поддржуваме, да се охрабруваме и да се грижиме едни за други, затоа што менталното здравје е важно! 🤗💚

Tags: ,
< врати се назад