ноември 9, 2026

Неделата на борба против гладта „Помислете и на нас“

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во периодот од 16 до 22 октомври 2026 година, по повод Неделата на борба против гладта, под мотото „Помислете и на нас“ ❤️, спроведе хуманитарна кампања за поддршка на најранливите категории граѓани.

🛒 Во рамките на кампањата, во ТЦ „Сума“ – Куманово беше поставен штанд за собирање прехранбени производи. Собирни акции беа организирани и во ООУ „Бајрам Шабани“ и ООУ „Христијан Карпош“, на кои им благодариме за покажаната хуманост и поддршка.

👧🧒 Во хуманитарната кампања се вклучи и детската градинка „Ангел Шајче“ – објект „Бубамара“, каде што децата и родителите донираа прехранбени производи за поддршка на семејствата во социјален ризик.

🍞 Поддршка на кампањата даде и општествено одговорната компанија „Жито Лукс“ АД – Скопје, со донација од вкупно 500 свежи лебови, чија дистрибуција ја реализираа волонтерите и вработените на ООЦК Куманово.

Од собраните прехранбени производи беа подготвени и доделени вкупно 60 хуманитарни пакети на најзагрозените семејства од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Во реализацијата на активноста беа вклучени 12 волонтери на Црвениот крст. 🤝

❤️ ООЦК Куманово упатува искрена благодарност до сите донатори, компании, училишта, детската градинка, родителите, децата, учениците, вработените и волонтерите за нивниот придонес и солидарност во реализацијата на кампањата.

Заедно покажуваме дека хуманоста нема граници! ❤️🤝

Tags: ,
< врати се назад