Одбележување на „Недела на грижа на старите лица
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово согласно Календарот на традиционалните активности на Црвениот крст, од 18 до 24 ноември 2024 година ја одбележа Неделата на грижа на старите лица, под мото „Сите сме нивни деца“.
Во рамки на Неделата, Општинската организација Куманово организираше различни активности за постарите граѓани со цел да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, како и потребата за нивна грижа и помош. Одбележувањето започна со поставување на информативeн пункт каде се промовираше услугата Помош и нега за старите лица во домот.
Исто така, Општинска организација на Црвен крст Куманово во рамки на Неделата организираше и посета во Здружение на пензионери Куманово, каде при посетата волонтерите со претставниците од стручната служба извршија мерење на шеќер во крвта и крвниот притисок на вкупно 62 лица.
Самото одбележување на Неделата на грижа на стари лица, заврши со спроведување на активност во Домот за стари лица „Зафир Сајто„ каде волонтерите од Клубот на млади со корисниците од домот, имаa прекрасни моменти плетејќи ракотворби, што не само што им донесе радост, туку и поттикна споделување на искуства и мудрости, а дел од корисниците уживаа во игра на шах, создадовме атмосфера на натпреварувачки дух и пријатна дружба. Овие активности не само што ги забавија, туку и им помогнаа да се чувствуваат активни и вклучени.
Исто така, и во текот на Недела младите волонтери поделија картички, на случајните минувачи во центарот на градот со овогодишното мото.