
Отворен ден организиран од ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово.
На ден 19.05.2026 година, претставници и волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија – Куманово учествуваа на Отворениот ден организиран од ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово.
Настанот претставуваше одлична можност за учениците и посетителите поблиску да се запознаат со активностите, програмите и можностите кои ги нуди училиштето, како и со работата и хуманитарната мисија на Црвениот крст.
Волонтерите на Црвен крст Куманово ги претставија своите активности од областа на првата помош, хуманитарното дејствување и младинските програми, при што ја истакнаа важноста на волонтерството, солидарноста и хуманоста кај младите.
Воедно, беше истакната и добрата соработка помеѓу ОСТУ „Наце Буѓони“ и Црвен крст Куманово, која придонесува за успешно реализирање на заеднички активности, едукации и настани во интерес на младите и локалната заедница.
















































