
јули 8, 2026
ПОВИК ДО КРВОДАРИТЕЛИТЕ ОД КУМАНОВО
Летото е период кога резервите на крв се најмали, а потребата од крв е секојдневна. Затоа, Црвениот крст на Република Северна Македонија организира Летна крводарителска акција, на која ги повикуваме сите хумани граѓани од Куманово да се приклучат и да помогнат во спасување човечки животи.
Датум: 27.07.2026 (понеделник)
Место: Дом на АРМ – Скопје
Време на акцијата: 09:00 – 17:00 часот
Поаѓање од Куманово: во 08:00 часот пред просториите на Црвен крст Куманово.
За сите пријавени крводарители е обезбеден бесплатен превоз и оброк.
Пријавување и информации: 031 424 179
Со себе понесете документ за лична идентификација.
Некој веќе чека на тебе. Дарувај крв – спаси живот! ![]()

< врати се назад











































