
јуни 23, 2026
Штанд со лимонада
Во услови на високи температури и најавен топлотен бран, на 18.06.2026 година волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Куманово реализираа превентивна активност насочена кон заштита и поддршка на граѓаните.
За таа цел беа поставени два штанда на различни локации во центарот на градот, каде што беа поделени 100 освежителни лимонади.
Активноста имаше за цел да ја потсети јавноста на важноста од редовна хидратација и почитување на препораките за заштита од високите температури.
![]()
Заедно придонесуваме за побезбедно и поздраво лето за сите.






< врати се назад











































