јуни 4, 2025

Социјалната услуга „Помош и нега во домот“ започнува да се спроведува во Општина Старо Нагоричане

Со задоволство информираме дека во Општина Старо Нагоричане започнува спроведувањето на социјалната услуга „Помош и нега во домот“. Општинската организација на Црвен крст Куманово, како давател на услугата, заедно со Општина Старо Нагоричане, ќе работат на заедничка имплементација на овој значаен проект.

На ден 03.06.2025 година, беше потпишан договор за реализација на проектот од страна на секретарот на ООЦК Куманово, Ива Младеновска, заменик градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, г-дин Бобан Цветановски, и министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.

Проектот опфаќа обезбедување на услугата „Помош и нега во домот“ за лицата од третото доба на територијата на Општина Старо Нагоричане. Активностите се реализираат како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светска банка и Министерството за социјална политика, демографија и млади.

„За достоинствена старост- Грижата доаѓа во вашиот дом”

< врати се назад