
Свечено отварање на ,,Спортски игри за млади“
На ден 15.05.2026 година (петок), Општинската организација на Црвен крст Куманово активно се вклучи во поддршката на свеченото отворање на „Спортски игри за млади“, кое се одржа во Спортската сала во Куманово, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, Владата, Министерството за спорт и Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово.
На настанот учествуваа околу 300 ученици – најдобрите училишни екипи од Општините Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка, кои преку спорт, тимска игра и дружење ја промовираа важноста на здравиот живот и спортскиот дух.
Во рамки на активноста, волонтерите на Црвен крст Куманово беа ангажирани за делење на освежителни пијалоци на присутните учесници и гости, додека двајца волонтери беа ангажирани во областа на прва за време на натпреварите во мал фудбал.
Горди сме што повторно бевме дел од еден вака значаен спортски настан и благодарни за укажаната доверба и долгогодишната успешна соработка.

















































