март 31, 2026

Светскиот ден на туберкулоза

⛑️Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, по повод 24 март – Светскиот ден на туберкулоза, под мотото „ДА! Можеме да ставиме крај на ТБ“, реализираше едукативна активност на градскиот плоштад.

📍Во рамки на активноста, волонтерите од Клубот на млади поделија вкупно 90 едукативни флаери, со цел информирање на граѓаните за туберкулозата, начинот на нејзин пренос, симптомите, превенцијата и значењето на навременото откривање и лекување.

🫁Со оваа активност се придонесе кон подигање на свеста кај населението и поттикнување на одговорно однесување во однос на зачувување на сопственото и јавното здравје.

Tags: , ,
< врати се назад