мај 22, 2024

Зелен волонтеризам- разубавување на дворот на домот за стари лица Зафир Сајто-Куманово

 
Во рамките на програмата Зелен волонтеризам на ден 21.05.2024 (вторник) волонтери од еко-хабот на Црвен крст Куманово заедно со корисниците од домот за стари лица Зафир Сајто- Куманово го разубавија нивниот двор со садење на цвеќе.
Покрај тоа што засадија цвеќе, имаа и можност да се запознаат со корисниците и да поминат корисно време за дружење со нив. 
Голема благодарност до сите вработени во домот кои помогнаа во реализација на активноста.🫶
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад