март 9, 2024

Хуманитарен базар во Гимназија “Гоце Делчев”

На ден 07.03.2024 (четврток) учениците од училишниот клуб на Црвен крст при Гимназија “Гоце Делчев” организираа хуманитарен базар во холот на самото училиште во период од 09-14ч. На самиот базар се продаваа палачинки, мафини, слики  направени од страна на учениците од гимназијата и рачни изработки по повод 8 март – Денот на жената. Собраните средства од овој хуманитарен базар ќе се искористат за купување на ваучери од салони за убавина и истите ќе бидат доделени на матуранти од социјално загрозени семејства во пресрет на матурската забава со училиштето.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад