јуни 15, 2026

Крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството

Денеска (12.06.2026), во просториите на хотел „Солун“ во Куманово, ,по повод Светскиот ден на крводарителството, се реализираше крводарителска акција во организација на Црвениот крст – Општинска организација Куманово, во соработка со Движењето ЗНАМ – За наша Македонија (ОК Куманово) и Институтот за трансфузиона медицина.

​Во периодот од 10:00 до 15:00 часот, нашите сограѓани уште еднаш ја покажаа својата солидарност и благородност. Акцијата помина во одлична атмосфера, а дури 23 крводарители даруваа крв и спасија човечки животи! 🩸

🤝 Голема Благодарност до сите хумани граѓани кои се одзваа на повикот, како и до организаторите.

Подадената рака денес, значи нов живот утре!

Tags: ,
< врати се назад