
април 14, 2026
Мотиваторски работилници за доброволно дарување крв
![]()
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, на 06 и 07 април 2026 година, во ОСТУ „Наце Буѓони“ – албански паралелки и Гимназија „Сами Фрашери“ Куманово, реализираше мотиваторски работилници за доброволно дарување крв, спроведени од обучени едукатори.
Работилниците беа насочени кон подигнување на свеста кај учениците за значењето и важноста на доброволното крводарување. Преку интерактивни презентации и отворена дискусија, учениците се информираа за улогата на крводарувањето во здравствениот систем, како и за неговото клучно значење во спасувањето човечки животи.![]()
Овие мотиваторски предавања беа организирани како поттик за претстојната крводарителска акција, која ќе се одржи на 09.04.2026 година.![]()



< врати се назад











































